Актуелно 09.12.2018 13:14

Истрагата на ФБИ за Русија и изборите во САД првично била против четворица Американци, меѓу кои не бил Трамп

Истрагата на ФБИ за Русија и изборите во САД првично била против четворица Американци, меѓу кои не бил Трамп

Истрагата на ФБИ за наводните обиди на Русија да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година првично се водела против четворица американски државјани, и Доналд Трамп не бил меѓу нив.

Ова го изјавил поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми на сослушување пред комисиите за правда и за надзор во Претставничкиот дом.

– Почнавме истрага против четворица Американци, за да видиме дали има врска меѓу овие четворица Американци и руските обиди за мешање, рекол Коми на сослушувањето зад затворени врати во петокот.

Тој не ги кажал имињата лицата кои биле под истрага и само рекол дека Трамп не бил меѓу нив, но оти четворицата биле поврзани со него.(МИА)