Актуелно 17.12.2018 14:09

Ристовски против Заев: Ниедна земја не можела да го уапси Груевски, бидејќи немаше меѓународна потерница

Ристовски против Заев: Ниедна земја не можела да го уапси Груевски, бидејќи немаше меѓународна потерница

Заменик министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврдил дека Србија немала обврска да го задржи или да го уапси поранешниот премиер Никола Груевски во моментот кога тој поминувал, што во неколку наврати кажа и српскиот претседател.

– Колку што ми е мене познато, ниту еден официјален претставник од Владата на Република Македонија не упати критики за Србија, ниту побара објаснување за тоа зошто Груевски не бил уапсен – рече Ристовски, додавајќи дека ниедна земја не можела да го уапси додека немало потерница.