Актуелно 05.02.2019 00:08

Граѓаните незадоволни, а градоначалничката на Битола се фали со една улица

Граѓаните незадоволни, а градоначалничката на Битола се фали со една улица

Градот е нечист, улиците не се направени, беше многу ратоборна кога беше опозиционерка, а како градоначалник ништо не направи. Вака еден граѓанин во анкета на ТВ 24 ја коментираше работата на градоначалничката Наташа Петровска.

Други пак се разочарани зошто не е направен Офицерскиот дом, ски центарот Копанки, стадионот… Некои пак повикаа да си даде оставка бидејќи како што велат ништо од ветеното не е направено. Незадоволни се многу работи од инфтраструктура до тоа дали има зелени површини и дали и тие што ги има се одржуваат.

Петровска која беше гостин на ТВ 24 се пофали со една улица, улицата Климент Охридски за која рече деке се е средено, дека останува само асфалтирањето кое не е завршено прашањето на приватна фирма која не ги исполнила обврските. Токму поради тоа тие како општина го раскинале договорот, и ќе следи понатамошна постапка.

За некои работи пак вели веќе се средени.

-Направена е улицата 8 Септември за што се потрошени 31 милион денар, направени се инфраструктурни зафати во касарната во висина од 35 милиони денари…, рече Петровска.