Актуелно 14.02.2019 01:01

Почина уште едно лице. Билансот на загинатите се искачи на 14

Почина уште едно лице. Билансот на загинатите се искачи на 14

Уште едно лице почина по стравичната сообраќајка на патот Скопје-Тетово. Бројот на жртви се искачи на 14.

Меѓу загинатите има и млади лица на возраст меѓу 25-30 години чиј идентитет се уште не е познат, а мобилизирани се сите расположиви сили на медицинските центри во Скопје кои непрекинато се посветени на борба за животите на луѓето во критична состојба, како и мониторинг и нега на повредените патници кои се во стабилна состојба.

Меѓу повредените има и бремена жена, која е во добра здравствена состојба.

Оваа трагедија ја зави Македонија во црно. Граѓаните изразуваат сочувство до семејствата на загинатите.

Следниве два дена се денови на жалост.