Актуелно 05.06.2019 16:58

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев продолжува да ја срами Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев продолжува да ја срами Република Македонија

Зоран Заев продолжува да ја срами Република Македонија каде што ќе стигне ризикувајќи да ги влоши односите кои ги имаме со меѓународните партнери, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не може нашите пријатели од ЕУ да се виновни за криминалот и корупцијата на најнеспособната влада до сега. Аболицираниот Зоран Заев е најодговорен затоа што Македонија има неуспешна економија, тоне во корупција и заостанува во сите реформи. Зоран Заев е најодговорниот затоа што имаме селективна правда и политички нарачани процеси. ВМРО ДПМНЕ смета дека Македонија и граѓаните не смеат да бидат казнети заради неспособноста на Зоран Заев со недоделување на датум за преговори, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Република Македонија доби 10 позитивни препораки и заслужува да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

-Зоран Заев ќе загуби на следните избори без разлика кога тие ќе се одржат, а на место на криминалната, неодговорна, неспособна и расипничка влада ќе дојде ВМРО ДПМНЕ и влада која што ќе ги спроведе реформите, ќе ја крене економијата и ќе го подобри стандардот на граѓаните. Единствено што може Зоран Заев да направи за граѓаните е да си поднесе неотповиклива оставка и да ги спаси од агонијата во која што ги втурна овие две години, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.