Актуелно 27.08.2019 13:55

Капиталните инвестиции на катастрофално ниско ниво – Владата ја уназади економијата

Капиталните инвестиции на катастрофално ниско ниво – Владата ја уназади економијата

Економијата се повеќе тоне а тоа и го покажуваат последните податоци од Министерството за финансии. Имено, во најновиот извештај за извршување на буџет реализацијата на капиталните трошоци изнесува очајни 24, 5 % заклучно со месец  Јули . Исто така градежништвото е во пад што е алармантно бидејќи забележан е пад на издадените одобренија за градба споредено со лани.


Експертите велат дека ваквото очајно темпо на реализација на капиталните проекти е резултат на неработењето на владата и немањето на концепт како да се води економијата. Тие сметаат дека Македонија не може да се надева на солиден раст на Бруто домашниот производ со оглед на фактот дека носечката гранка градежништвото е во пад и има очајно слаба реализација на капиталните проекти додека задолжувањата се огромни.

Инаку владата ветуваше дека 2019 година ќе биде економска година и дека ќе има инвестициски и инфраструктурен бум но ништо од тоа не се случи.