Актуелно 15.02.2020 13:39

Томовски: Ковачевски лаже, УО донел одлука за продажба на хотелите на Попова Шапка

Томовски: Ковачевски лаже, УО донел одлука за продажба на хотелите на Попова Шапка

Васко Ковачевски и СДСМ лажат и во страв дека им се откриени сите малверзации се закануваат со тужби. Ова е доказ дека УО на АД ЕЛЕМ донел Одлука со која се одобрува претпријатието да достави предлог за донесување одлука за продажба на хотелите на Попова Шапка до владата на Република Македонија. УО на АД ЕЛЕМ со потпис на Ковачевски сака да го приватизира имотот на ЕЛЕМ Турс на Попова Шапка, изјави денеска Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Ковачевски и СДСМ на два месеци пред избори, во надеж дека никој нема да примети сакаат да распродадат милионски имот сопственост на државата.
Ова е доказот дека на СДСМ им се побитни профитите на поединци кои треба да ги земат хотелите на Попова Шапка, отколку граѓаните и државниот имот. Туристичкиот комплекс Попова Шапка е со огромен потенцијал и неодговорниот однос со истиот наместо туристи и приноси во буџетот ќе донесе затворање на истиот.“

-Апелираме веднаш да се запре процесот на распродавање. Пред било што да се направи со овој комплекс потребна е сериозна и темелна анализа и студија. Сите инволвирани во случајот треба да знаат дека не смеат на шверцерски начин на два месеци пред избори да распродаваат државен имот. Одговорност за секое незаконско дејствие ќе има за сите инволвирани во случајот, потенцираше Томовски.