Актуелно 16.02.2020 14:32

Мицевски: Вие сте криминалци, поништување на гласање на закон и негово повторување е надвор од сите законски процедури

Мицевски: Вие сте криминалци, поништување на гласање на закон и негово повторување е надвор од сите законски процедури

Криминалци, криминалци само тоа можам да го кажам, ова им го порача координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски откако на денешната собраниска седница предлог Законот за јавно обвинителство не беше изгласан од страна на пратеничкото мнозинство на СДСМ, при што Џафери го поништи првото гласањето и повика на второ гласање за истиот закон.

Ви барав процедурално додека се обраќаше колегата Ферид Мухиќ, го занемаривте тоа. Вие повикавте да се гласа и пратениците гласаа од 113 присутни, само 74 пратеници гласаа за законот, додека 32 пратеници гласаа против. Согласно закон ова гласање не е успех и не е донесе законот затоа што се гласа со 80 пратеници. Од таа причина барам првото гласање да констатирате дека не е успешно гласањето и ова законско решение вака како што гласаа пратениците не е донесено, нагласи Мицевски.

Мицевски посочи дека поништувањето на првото гласање на законот и негово повторување е директно кршење на Деловните, Уставот и законските процедури.

Од тука натаму сето тоа што го направивте е кршење на Деловник, Уставот и сето она што понатаму го правите е продолжување на начинот на кој што дојдовте на власт. Се дрзнавте дури и да констатирате дека второто гласање е завршено и законот е усвоен. Срамота е ова што го правите. Срамота е што и покрај сите притисоци што ги правевте изминатите денови, покрај се она што се случуваше во собранието не успеавте да обезбедите 80 гласа на закон кој што сами го предложивте, вели Мицевски.