Актуелно 22.06.2020 15:05

Тројно аболираниот Заев „блеска“: Сите треба да бидат еднакви пред законот!

Тројно аболираниот Заев „блеска“: Сите треба да бидат еднакви пред законот!

Секој е невин додека не се докаже вината. За господинот Орце Камчев како еден од бизнисмените кои се посилни во државата можам да зборувам од она што го имам прочитано во медиумите, рече три пати аболираниот лидер на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање. Според Боки 13, парите од рекетот на Камчев завршиле во семејството на лидерот на СДСМ.

Тој напомена дека секој бизнисмен и политичар кој се огрешил пред законот мора да одговара.

-Презумцијата на невиност треба да ја почитуваме сите, но кога луѓето забегуваат со пари коишто веројатно се крадени  пари, пари коишто не се стекнати со пот и труд често се проблематични во светот и во нашата земја. Затоа постојат Агенции за борба против перење на пари или Управа за финаниско разузнавање.  Затоа што парите стекнати на незаконски начин купуваат човечки души, купуваат влијание, купуваат моќ , уништуват цели системи. Затоа треба  процесите за секој да разјаснат што е  што. И апсолутно никој, вклучително Заев, Мицкоски и  било кој политичар, бизнисмен дали е тоа Камчев сите мора да бидат еднакви пред законот, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Првата аболиција на Заев е за аферата Глобал“ тешка 8 милиони евра од тогашниот претседател Бранко Црвенковски,  втората од Ѓорѓе Иванов за „Пуч“ и третата од Добила Кацарска за „Поткуп“, која го поништи обвинението за случајот во кој цела Македонија виде јавно како се бара поткуп во „Едно евро за Вицето.“.

Според последните изјави на Боки 13, торбата со Рекет токму од Орце Камчев завршила кај Заеви, а Ден Дончев со денешната аудио-видео снимка го вмеша Заев директно во аферата Рекет 2 со фирмата Дијамед.