Економија 02.10.2024 17:40

Со Одлука на Владата, престанува правото за приредување на интернет игри на среќа на Државна Видеолотарија. Од таму известуваат дека платформата 2win.mk мора да престане со прием на влогови во интернет игрите на среќа.

„Ве информираме дека започнатите интернет игри на среќа ќе бидат обработени по нивното комплетирање, а евентуалните обивки ќе бидат исплатени. Средствата од сметките за интернет игри на среќа ќе бидат исплатени во целост на регистрираните банкарски сметки на платформата, во законскиот рок“, информираат од АД Видеолотарија.

По исплатата на средствата, платформата за интернет игри на среќа ќе остане достапна само со можност за увид во профилите и завршените игри и плаќања.

„Доколку имате невалидна банкарска сметка за исплата, ќе имате можност да доставите нова валидна банкарска сметка за комплетирање на исплатата“,додава најголемиот приредувач на онлајн игри на сеќа.

Веднаш по создавање на услови, платформата за интернет игри на среќа, 2win.mk ќе се врати во функција, велат од таму, алудирајќи на потребата повторно платформата да се стекне со лиценца за работа.