Мозаик 15.08.2018 19:47

Анализа: Над 40 проценти од италијанското крајбрежје се загадени

Анализа: Над 40 проценти од италијанското крајбрежје се загадени

Бродот Голета Верде кој веќе 30 години го обиколува италијанското крајбрежје и собира примероци од морето за анализи го заврши своето патување на 12 август. Резултатот од мисијата е разочаруваки – загадувањето на италијанското крајбрежје постојано расте.

Научниците анализирале 300 примероци и откриле дека 39 проценти се „многу загадени“, додека во други девет проценти исто така е откриенио значително загадување.

Како главен проблем се наведува немањето соодветен канализациски ситем преку кој би се третирале отпадните води. Заради ваквата состојба Италија на ЕУ мора да и плаќа казна од 25 милиони евра, плус дополнителни 30 милиони евра на секои шест месеци.

Исто така откриено е дека најголемото загадување го носат притоките – од 149 анализирани реки 106 биле загадени.

Најзагадени се крајбрежјата на Лигуриа, Тоскана и Сицилија. Најчисти се водите кај Сардинија.

Големо загадување има и на плажите. На 78 анализирани плажи (колку 60 фудбалски игралишта) се откриени 50.000 парчиња ѓубре, односно по 620 на секои 100 метри. Најмногу имало платичен отпад.

Осум зони се целосно забранети за капење, но и покрај тоа никаде нема постваени знаци за предупредување.