Како резултат на ваквиот чекор на терен се уште не се откупува сливата, а земјоделците велат доколку уште некој ден нема решение на нивниот проблем тие ќе се соочат со финансиски проблеми и нивната егзистенција ќе биде доведена во прашање. Откупот оваа година почна со цени од 5 денари по килограм, за многу бргу целиот откуп да биде запрен.
Земјоделците велат дека лани цената за еден килограм сина слива била 25 денари, додека во 2016, 18 денари, цени кои ги задоволуваат производствените трошоци и обезбедуваат егзистенција, но ова сега што се случува е под секое ниво. Цената под 12 денари за килограм сина слива е нерентабилна велат тие, со цена под 12 денари не можат да се покријат основните производствени трошоци, а не пак да дојде до обезбедување на егзистенцијата на нив и нивните семејства.