Актуелно 21.08.2018 10:23

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ криминална го користи референдумот како параван за нов криминален грабеж каде во прашање се милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ криминална го користи референдумот како параван за нов криминален грабеж каде во прашање се милиони евра

СДСМ криминална го користи референдумот како параван за нов криминален грабеж каде во прашање се милиони евра, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Време е СДСМ наместо да пушта бледи и стерилни соопштенија да одговори на следниве прашања: Владата на СДСМ треба да објасни како без ребаланс на Буџетот испумпува милиони евра од Буџетот наменети за фалење на штетниот договор и крати од суштински проекти за граѓаните. Кои се фирмите кои ќе ги добијат милионите кои сега институциите ќе ги одвојат за правдање на капитулантското дело? СДСМ криминална го користи референдумот како параван за нов криминален грабеж каде во прашање се милиони евра. Ова клемптоманство не смее да продолжи, оваа власт мора да си замине, се наведува во соопштението.

Најнови вести