– Апелирам до останатите политички партии во Република Македонија, до колегите до другите политички партии, истата постапка да ја направат и да го следат чекорот на ВМРО-ДПМНЕ, да ги пренаменат средствата за евентуалната кампања која што би ја воделе со почетокот од 10 септември, како би можеле ете да направат едно добро дело во општеството бидејќи гледаме дека голем број сериозни проблеми остануваат недорешени од страна на владата на СДСМ и Зоран Заев. Едно е декларативно да се стремите кон ЕУ и НАТО алијансата, а друго е да понудите вредности. Вие не можете кога елементарните услови за посетување настава во некое училиште не се на нивото, а вие од друга страна би било многу лицемерно да ја форсирате тезата дека сте за ЕУ, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алфа ТВ.
Мицкоски посочи дека во среда, официјално пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го достави барањето до Собранието за пренаменување на средствата од кампањата за доизградба и реконструкција на средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“.
– Ние најававиме, а во среда формално и пратеничката група ќе го достави барањето до Собранието со назнака дека истите средства бараме да бидат пренаменети за доградба и реконструкција на средното училиште во Општина Тетово – „Кирил Пејќиновиќ“ како што самите кажавте знаете дека изминатиот период голем број контраверзии беа поврзувани со тоа училиште, едноставно учениците немаат пристојни услови за работа и во име на тоа ние како политичка партија, бидејќи нашата кампања ке биде на поинаков принцип, односно ние веќе сме заедно со народот и помеѓу народот, дискутираме за сите отворени прашања и покрај сите реални теми кои што ги оптеретуваат граѓаните а се разбира и прашањето околу референдумското изјаснување кое што ќе се одржи на 30ти септември, рече Мицкоски.
Мицкоски го најави и спроведувањето на политичкиот волонтеризам, при што нагласи дека не е тешко во Македонија да се пронајдат доброволни волонтери кои што на граѓаните ќе им ги објаснат сите штетни последици кои што ги носи договорот со Грција доколку биде имплементиран во целост.