Актуелно 29.08.2018 18:31

Матичните лекари го предупредуваат Филипче: Се ситниме, кој ќе ги лекува граѓаните?

Матичните лекари го предупредуваат Филипче: Се ситниме, кој ќе ги лекува граѓаните?

Откако за вработените во јавните здравствени установи падна одлука да им се зголемеми основната плата за 5 проценти, наместесто ветените 15 проценти, матичните лекари пак се комлетно заборавени.

Како и за сите, па така и за матичните се ветуваа многу работи. Меѓу нив и зголемување на капитацијата за матичните лекари од сегашните 55 на 90 денари. Од ова ни трага ни глас. Или ништо од ветеното не е започнато да се реализира. Како што велат упатените, требаше и кај матичните да има покачување од 15 проценти за да може за 4 години мандат да се постигне ветеното илии 90 денари за бод.

-Кога се излажани вработените во јавните здравствени установи или околу 20 илјади вработени, односно ќе им се даде покачување од 5 проценти по година и половина откако е СДСМ на власт, а не како што ветуваа 15 проценти и тоа во првите шест месеци, зошто да се очекува дека ќе го реализираат ветеното на матичните лекари во приватните здравствени установи од 55 денари капитациониот бод да се зголеми на 90 денари, реагираат матичните лекари.

Тие потсетуваат дека им биле ветувани многу работи како зајакнување и унапредување на службата за домашна посета со цел да стане достапна за секој граѓанин и во најодалечените места,  укинување на квотите за рецепти и боледувања, со кои денес му се одзема правото на докторот да врши здравствена заштита според потребите на сите пациенти, на лекарите од примарната здравствена заштита ќе им се намалат преобемните административни обврски и слично.

Со нереализирање на ветувањата министерот за здравство практично си игра со околу 1500 матични лекари или околу 1200 приватни здравствени установи, кои пак постојано се затвораат поради пензионирање. Со ова граѓаните пак остануваат без основната здравствена заштита односно матичен лекар. Само во Скопје за неколку месеци се затворија три – четири приватни здравствени установи поради пензионирање на лекарите или околу десет илјади граѓани останаа без матичен лекар.

-Немаше да дојде барем до ова да се исполнеше барањето матичните пациенти да се регистрираат на ординации, не како до сега на доктори, реагираат од Здружението на приватни лекари кои како што информираа му ги досатвиле сите податоци и образложенија на минитерот Филипче но немаат никаков одговор.

На сето ова имаше и ветување за здружување на лекари од различни специјалности како мултидисциплинарни тимови (општа медицина, педијатар, интернист, гинеколог, физиотерапевт) со цел поефикасна и ефективна примарна здравствена заштита.

-Ние не можеме како поединци да функционираме, секој ден не има и се помалку, е доцни со доделување на концесии доколку некој на пример замине во пензија. Или граѓаните остануваат без матичен лекар, а да не зборуваме за здружување на лекари и посеопфатна здравствена услуга, велат лекарите.

Тие се дополнително загрижени и што просечната возраст на матичните лекари е 57 години.

-Ова дополнително говори дека состојбата има можност да се влошува и понатаму. Сето ова пак, целокупната политика во здравството ги брка младите надвор од државава и тие работат надвор. Со еден збор ќе останеме без лекари, заклучуваат упатените во примарната здравствена заштита.