Актуелно 15.10.2020 13:42

Ако ништо друго, на Заев му тргна со договорите и предавствата, на ред е Гоце Делчев и историјата

Ако ништо друго, на Заев му тргна со договорите и предавствата, на ред е Гоце Делчев и историјата

Се погласни се најавите дека македонската влада на чело со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни Бујар Османи, спремаат нов договор со Бугарија, по налик на Преспанскиот договор со Грција.

Откако министерот Османи не успеа да ја разубеди Бугарија да не ја блокира Македонија без прифаќање на нивните услови, во јавноста се појави информацијата дека покрај нивното непопуштање, побаран е нов договор со кој ќе се дефинираат тие барања. Договорот треба да предвидува уставни измени во Македонија, со цел исполнување на сите услови од бугарскиот Меморандум испратен до Европската Унија. Тоа значи дека преку измени во македонскиот Устав, ќе се дефинира македонската нација како, релативно нова која постои од 2 август 1944 година, како и македонскиот јазик дека е создаден исто тогаш, но е дијалект на бугарскиот.

Ова значи дека се од историјата пред 1944 година, треба да и припадне на Бугарија, вклучително и илинденскиот период за кој ние сметаме дека е зачеток на македонската државност. Македонија треба да се откаже пред се од основањето на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, Илинденското востание па се до Втората светска војна.

Сепак, јасно е дека Бугарија е сериозна во намерата за нов договор, а тоа може да се види од Меморандумот, но и од изјавите на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов кој веќе одреден период се повикува на Членот 7 од Преспанскиот договор. Односно, тој инсистира на ново дефинирање на македонскиот идентитет и наметнување на нов, водејќи се од тоа дека Македонија еднаш истото го прифатила договорот од Преспа, потпишан со Грција.

Дека Бугарија бара од македонската влада таков договор потврди и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој во неговото гостување во „Само Интервју“ посочи дека бугарската министерка за надворешни, Захариева барала од нејзиниот македонски колега Османи нов договор за уставни измени со кој ќе се редефинира македонската нација.

-Ќе ви дадам уште една ексклузивна информација. Да го прашаме министерот за надворешни работи, Бујар Османи дали е точно дека барањето од страна на неговата колешка било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот, со уставни измени каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите, рече Мицкоски во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5.

Од владата иако демантираа дека се работи на нов договор, велат дека треба да им се даде шанса на разговорите. Но, на кои разговори? Што разговараат премиерот Заев и министерот Османи, ако Бугарија стои цврсто на своите барања и постојано дава нови услови, притоа заканувајќи се дека ќе ја блокира Македонија на патот кон ЕУ?

Ако ги земеме предвид минатите постапки на владата предводена од СДСМ и премиерот Заев, нема да зачудува доколку навистина се работи на нов договор. Владата и претходно кога се потпишуваа договорите со Грција и со Бугарија, ги криеше деталите. Тогаш се ветуваше дека нема да има отстапки, ниту пак уставни измени, но потоа истите ги договорија, додека пред јавноста соопштија кога се дојде пред свршен чин, односно откако се прифатија барањата на соседите.