Претседателот на Владата на Република Македонија ја започна кампањата со која граѓаните ги убедува да гласаат „ЗА“ прифаќање на договорот кој власта го потпиша со Грција, а со кој Македонија го менува своето уставно име.
На својот Фејсбук профил, премиерот има објавено фотографија со текст „Сигурна иднина за нашите деца“, како дел од кампањата која ја води Владата. И тука можеби и не би имало ништо спорно доколку премиерот на таа фотографија не се поздравува со малолетно дете, што е противзаконски.
Според македонските закони оваа фотографија на Зоран Заев претставува злоупотреба на деца во политички цели, што според законите е казниво и се очекува реакција од народниот правобранител. Доколку ги прочитаме законите, реакција од Обдусманот мора да има.
-Не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање, вели еден од членовите на законот.
Инаку, во минатото Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во повеќе наврати апелираше децата и малолетниците да не се користат во политички цели.