Презема ли премиерот, Зоран Заев мерки за да ги покачи платите на вработените во неговите фирми?! Денеска на прес-конференција тој најави нова мерка за раст на платите. Станува збор за директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто-платите на работниците во малите, микро и средни претпријатија. Според Заев условите за оваа мерка ги исполнуваат околу 15.000 компании и 50.000 работници.
„Државата сака да ги потрши сите пари до последен денар, предвидени за оваа мерка. Условите мора да бидат исполнети, но работодавачите да не се плашат да аплицираат. Со оваа мерка, работниците ќе земаат плата над 18.000 денари. Сакаме да одржиме стабилност за компаниите“, нагласи Заев додавајќи дека мерката ќе трае цела 2018 година, а ќе треба да продолжи и во 2019.
Министерот за финансии Драган Тевдовски објасни дека секој работник ќе добие покачување на плата, а фирмата добива 30 проценти од покачената сума.
Почнаа коментарите – Дали Заев бара начин преку државни пари да ги покачи платите на вработените во неговите фирми кои не се за пофалба.
Дневник во една прилика објави дека од прегледот на исплатени плати во две фирми на блиски роднини на струмичкиот градоначалник стои дека од јануари до ноември 2013 година просечната плата што им се исплаќала на вработените се движи од 8.200 до 9.500 денари. Така, во фирмата „Тргопродукт“, чиј основач е Убавка Заева, а директор Бобан Заев, просечната плата што се исплатувала во јануари 2013 година изнесува 9.605 денари. Во последните три месеци од 2013 (септември, октомври и ноември) таа во „Тргопромет“ изнесува околу 8.200 денари, т.е. околу 135 евра. Тоа е три и пол пати помалку од минималните 450 евра што ги ветува нејзиниот роднина.
„Тргопромет“, според евиденцијата на Фондот за здравство, има 46 вработени, од нив тројца земаат плата помала и од законскиот минимум за плаќање придонеси.
Втората фирма на роднините на Заев, „Ева стил“, исто така, не може да се пофали со високи минимални плати за своите вработени како што ветува лидерот на СДСМ само за да дојде на власт. Имено, „Ева стаил“ има 55 вработени. Основач и директор е Славица Заева. Просечната плата што се исплатувала во фирмата во јануари 2013 година изнесува 10.402 денари (165 евра). Во ноември просекот на месечниот надоместок е 9.505 денари (150 евра). Директорката Заева е единствената што би го задоволила стандардот на Заев. Таа зема плата од 53.500 денари (870 евра).
Од друга страна пак граѓаните стравуваат дека ќе земаат повисока плата но не во свој џеб туку во џебот на работодавецот. Велат дека со ова ќе се поттикне црната економија и дека работодавците откако ќе исплатат повисока плата на банкарската сметка на вработените, ќе бараат на рака вработениот да им врати дел од парите.