Живот 03.09.2018 19:16

Европа континет на самци

Катастрофални резултати од истражувањето покажуваат дека демографската слика на долг рок нема да слабее само дома, туку на тоа и многу географски пошироко ќе кумува и лошиот тренд. Имено, статистиките покажуваат дека секој трет маж во Северна Америка и Европа нема партнерка!

Која е причина за тоа, се обиделе да утврдат научниците од Универзитетот на Кипар, предводени со Menelaos Apostolu, со метода на испитување примероци од илјада анонимни испитаници. Заедничкиот именител за сите нив е дека се самци, па им било поставено едноставно прашање. “Момци, зошто сте сами?”

Со цел да се постигнат релевантни податоци, помеѓу тие одговори избрани се оние чии автори се изјасниле дека повеќе би сакале да бидат во врска отколку сами, кои осаменоста не ја избрале со радост, туку дека некој фактор ги предизвикал на тоа.

“Несреќно неспарени” дошле до резултат од 6700 различни причини (на пример, некои имале повеќе од нив), а од тоа социолозите и психолозите филтрирале четириесетина вообичаени причини поради кои на мажите сѐ повеќе им е тешко да пронајдат партнер.

Спротивно на очекувањата – во Македонија најверојатно главната причина би била недостатокот на пари, или “финансиска кастрираност” – во остатокот од Европа причините се, следни: лош изглед кој опфаќа “ќелавост и низок раст”, најчесто наведувана причина, а дури тогаш следи недостаток на самодоверба.

Високо на листата на причини за соло статусот се наведени и недостигот на вложен труд и недостаток на интерес за долги врски, како и недостатокот на вештини на заведување или срамежливост.

Некои корисници (случајно сами) поради лошите претходни искуства се плашат да влезат во нова врска, а честа причина се посериозни ментални проблеми и генерално лошо здравје или попреченост.

Лидерот на студијата, д-р Apostolou, причините за неуспехот на модерните мажи во пристапот го објаснува со еволутивните мени и неусогласеност на социјални вештини кои во денешно време се потребни за човекот да остави добар впечаток.

Во прединдустрискиот период, според кипарскиот научник во списанието за психолошката еволуција, браковите биле договарани, конкуренцијата меѓу мажите била силна, а жените често биле освојувани и насилно.

Покрај тоа, мажите немале многу избор околу идната сопруга, но тие не требале премногу да се мачат ниту со изглед ниту да размислуваат за тактиката во привлекување на спротивниот пол.

– Во постиндустриското општество, изборот на животниот партнер повеќе не е прашање на договор на родителите и принуда, па мажите треба да ги најдат своите партнери самостојно. За тоа е потребно да се има вештината на заведување и флертувањето, која многу модерни мажи не ја развиле – заклучува д-р Apostolou.

Недоволно желба

Некои од најчестите причини за (несакан) самостоен машки статус:

  • лош изглед (особено ќелавост и низок стас) – недостаток самодоверба
  • премногу мал напор – недостаток на интерес за долгорочни врски
  • лоши вештини на заведување – интровертност
  • неодамнешен прекин на врска – лошо искуство од претходните врски
  • недостаток на жени на располагање – прекумерна тежина
  • различни приоритети – срамежливост
  • преголема избирливост – анксиозност
  • недостаток на време – социјална неприлагоденост