Зоран Заев лаже. Зоран Заев безочно лаже во екот на референдумската кампања, пред очите на институциите кои се должни да внимаваат граѓаните да не бидат доведени во заблуда. Референдумот на 30-ти е распишан по капитулантскиот, погубниот договор од Нивици со кој комплетно се брише Република Македонија и идентитетот на Македонците. Референдумот на 30-ти е дали сте за Република Северна Македонија и промена на сите имиња и институции преку кои се идентификуваат граѓаните, истакна Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Кампањата „За европска Македонија“ е лажна и ги доведува гласачите во заблуда. Оваа кампања е срамна и лажна исто колку што беше срамна и лажна кампањата „За живот“. Лагите кои ги шири Заев на сметка на буџетот се резултат на претходните лаги. Овој референдум не е за европски вредности, туку за палење на историските факти од учебниците и помагалата. Референдумот не е за Македонија да стане 30та членка на НАТО, туку за бришење на придавката „македонска“ од името на националната телевизија, театар, академија на науките и уметностите. Референдумот не е за европски пазар на македонските компании, туку за целосно бришење на македонските брендови и кодови, рече Стоилковски и додаде:
„Референдумот не е за економски развој и подобра иднина, туку за распродажба на националните интереси и минато. Референдумот не е за европски вакцини, туку за евтаназија на секој што е Македонец. Референдумот не е за европска Македонија, туку за претворање на Македонците во вештачка творба без историја и потекло“.
Oбидот, потенцираше тој, да се стави равенство меѓу евро и евроатланските интеграции и бришењето на името на државата и идентитетот на нацијата е срамен обид да се покрие криминалот на оваа бесрамна корумпирана власт.
-Никој во ЕУ ниту во НАТО не бараше да се смени Уставот. Зоран Заев го продаде Уставот, го даде името, идентитетот, историјата. Зоране Заев, доста е, престани со лагите и соочи се со вистината. Народот е разочаран, потиштен и излажан. Народот знае дека овој договор е погубен, дека овој договор е се’ само не достоинствен живот.