Актуелно 09.09.2018 13:57

Заев: Илинденското востание, Свети Кирил и Методиј, Цар Самоил се заеднички историски настани со Бугарија

Заев: Илинденското востание, Свети Кирил и Методиј, Цар Самоил се заеднички историски настани со Бугарија

„Илинденското востание, Свети Кирил и Методиј, Цар Самоил се заеднички историски настани и еве денеска заедно и ги чествуваме. Македонија сама си ги чествува, Бугарија дел од нив самостојно ги чествува, но и заедно ги чествуваме. Тоа е дел од заедничката историја.“, изјави предмалку премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес-конференција.

-Ден по потпишувањето на договорот со Бугарија ние заедно чествувавме. Јас немам предрасуди дека е дел од заедничката историја, ниту сакаме да земеме нешто од соседите, нешто што го чувствуваат за свој дел од историјата, додаде Заев.

курир.мк