Актуелно 01.10.2018 09:34

Кој купи 439 акции во „Тиквеш“ за само еден месец?

Кој купи 439 акции во „Тиквеш“ за само еден месец?

Член на Управниот одбор на најголемата винарска визба „Тиквеш“ Џон Кирил Јоновски за еден месец купил 439 акции со право на глас во компанијата во чие управување учествува, пишува во соопштението на „Тиквеш“ објавено на интернет страницата на Македонската берза. Според пазарната цена за овој период произлегува дека Јоновски вложил повеќе од 35.000 евра во акции на „Тиквеш“.

Оваа ценовна чувствителна информација која предизвика највисока – рекордна годишна пазарна цена на таа акција која се тргува на сегментот берзанска котација на Официјалниот пазар на Македонската берза.