Мицкоски посочи дека Заев во неговото интервју за Би Би Си велеше дека 75% од граѓаните ќе бидат во насока на поддршка на референдумското изјаснување, а сега гледаме дека таа бројка не само што не се исполни, туку е два пати помала од тоа што тој го прогнозираше.
– Истиот овој човек кој што го видовме како се колне во дедовци, татковци во сопствените деца дека нема да го промени ставот, па видовме дека ќе го промени ставот, па така и оваа весела математика која што вчера господинот Зоран Заев ни ја демонстрираше, ме наведува на фактот да кажам дека продолжува во континуитет да се обидува да го заведува народот и на ниски страсти и со погрешни податоци и бројки кои што претпоставувам не може ни самиот да ги разбере, да народот се обиде да му поверува, истакна Мицкоски.