Заводот за статистика на Европската Унија објави во средата дека малопродажбата во август бележи пад.
„Во споредб со јули 2018, малопродажбата во август 2018 бележи пад од 0,2 проценти во еврозоната (ЕА19), а останува непроменета во ЕУ 28“, велат од Евростат.
Еврозоната или ЕА 19 ги претставува земјите од Унијата што користат исклучиво евро како валута, а ЕУ 28 ги вклучува сите земји во неа.
Според официјалните податоци, продажбата на гориво паднала 0,6 проценти, а 0,3 проценти пад е забележан во продажбата на храна, пијалаци и тутун. Другите продукти останале стабилни во тој период.
Евростат вели дека најдрастичен пад е забележан во Латвија – 1,2 процент, а по неа и Полска и Франција со 0,7 проценти во двете земји.