Претпладнево на булевар Александар Македонски, после железничкиот надвозник на влезот во Скопје, се случила сообраќајна незгода којашто предизвика голем застој на возилата и долга колона на автопатот.
Во сообраќајката учествувале три возила, „фолксваген поло“, „БМВ“ и „мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а засега се уште нема информации за повредени лица.