Финансии 15.10.2018 14:15

Лондон и Брисел, сепак, не се договориле за брегзитот

Лондон и Брисел, сепак, не се договориле за брегзитот

Лондон и Брисел ќе направат пауза во преговорите за излез на Велика Британија од Европската Унија и нема повторно да се состануваат пред европскиот самит, закажан за средината на следната недела, потврдија синоќа европски извори на кои се повикуваат западните новински агенции.

Претходно беше објавена вест дека договорот за брегзит е постигнат, но се утврдило дека станува збор за лажна вест на која во последно време не се имуни ниту водечките европски медиуми.

Во меѓувреме, неколку европски официјални лица потврдија дека европскиот преговарач Мајкл Барни ќе ги извести челниците на 27-те земји членки на ЕУ за ситуацијата со преговорите в среда, непосредно пред самитот на кој ќе учествува и британската премиерка, Тереза Меј.

„И покрај интензивните напори, неколку клучни прашања остануваат отворени“, објави на Твитер европскиот преговарач Мајкл Барни.

Преговарачите за брегзит се сретнаа синоќа во Брисел, но не успеаја да постигнат конечен договор за условите за излез на Британија од ЕУ, а камен на сопнување повторно е најспорното прашање – границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска.

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.