Актуелно 16.10.2018 12:52

Јовановски: Нема да гласам за уставни измени

Јовановски: Нема да гласам за уставни измени

Доволно е една мала искра да биде некој жигосан како предавник и недостоен да застапува интересите на граѓаните тука, да кажам дека нема да гласам за уставни измени зашто со спогодбата од Нивици не се согласувам, изјави денеска од собраниската говорница Крсто Јовановски, пратеник од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на помирувањето, кое премиерот Зоран Заев го спомена вчера, Јовановски му порача да не ги турка пратениците да стиснат копче за кое на дале заклетва, бидејќи ниту премиерот, ниту лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не се пратеници.