Актуелно 21.10.2018 11:47

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува, вака гласи пораката која ја истрати руската амбасада во земјава еден ден откако во македонскиот Парламент пратениците со 80 гласа „за“ изгласаа започнување на процесот за уставни измени.

Посольство России МК

@Russian_Emb_MKD

ја призна Република под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува.

„Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, пишува на официјалниот „Твитер“ на руската амбасада во Скопје.

 

 

Неколку дена претходно руската амбасада во земјава преку својот профил на „Твитер“ исто така обвини и дека има грубо мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија и дека тоа ги надминува сите граници.