Во вторник џекпот на американската лотарија ќе достигне рекордни 1,6 милијарди долари, бидејќи во вчерашното извлекување ниту еден играч не освоил џекпот кој тогаш изнесуваше 1 милијарда долари.
Премијата за „мега милионс” ја создадоавчера долгите редови пред киосците и продавниците за тикети 44 американски држави, соопштија од американската лотрарија. Меѓутоа и покрај долгите редици синоќа ниту еден играч не успеа да добие џекпот па така тој нарасна на рекордни 1,6 милијарди долари.
Досадашниот рекорд по најголем поединечна добивка е на Мејвис Ванчиќ, 53-годишната мајка од Масачусетс, која во август 2017 година во лотаријата „Пауелбол” добила џекпот од 758,7 милиони долари.
Во јануари 2016 година, џекпотот „Пауелбола” достигна 1,58 милијарди долари, но мораше да биде поделен на три дела бидејќи тројца играчи го освоија.
„Мега милионс” настана во 2002 година и неколку пати е модифициран за да се намали веројатноста за освојување на џекпотот, што овозможува тој да расте по неколку стотици милиони долари.