Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје, од почетокот на годината до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 96.730.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во текот на деветте месеци од 2018 година, компанијата прикажа добивка од 40.821.000 денари. “Зголемување на приходите за 7,8% и намалувањето на расходите за 4,3% овозможи добивката за првите девет месеци од 2018 година да се зголеми за 137% во однос на истата од претходната година“, стои воОбразложението за остварените резултати од работењето.
Од јануари до септември оваа година, вкупните приходи од продажба изнесуваат 556.814.000 денари. На домашен пазар продажбата имаше вредност од 256.484.000 денари, додека поголемиот дел од 300.330.000 денари е остварен од продажба на странски пазари.