Во интервју за телевизија Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето како ја коментира последната одлука на Владата за зголемување на даноците вели дека единствен кој што ќе види бенефит од таа сметка е нормално државниот буџет, а се разбира ќе бидат осиромашени онаа категорија на граѓани кои што ќе добијат поголеми даноци.
-Придонесите за пензинско и здравствено осигурување исто така се зголемија за половина процент, а тука пак ќе имаме директно удар на ликвидноста на компаниите и на сите граѓани што значи дека оваа влада во отсуство на реална визија како понатаму да ја развива Република Македонија и да го полни буџетот одлучува повторно да удри по џебот на сите граѓани односно да го намали квалитетот на животот на граѓаните. Оваа патека без компас која ја диктира владата на СДСМ предводена од Зоран Заев навистина ја води во погрешна насока Република Македонија, потенцираше Мицкоски.