Актуелно 30.11.2018 11:26

Зошто не треба да се продолжува старосната граница за одење во пензија

Зошто не треба да се продолжува старосната граница за одење во пензија

Светска банка вели дека со поместувањето на старосната граница за одење во пензија нема да се решат проблемите со пензискиот ситем овде, така да нема потреба, работниците преживеаја период на голгота, и треба да дочекат спокојна и мирна пензија, вели Маре Анчева од Синдикатот на индустрија во емсиијата „Во светот на бизнисот“ со Билјана Василева Трендафилова.

– Светска банка уште пред да го воведеме ова во 2000-та година го нарече „Капучино“. До сега сме имале само кафе тоа е државниот пензиски систем, сега со вториот столб ќе му додадеме млеко или пена, па дури со третиот столб  цимет ќе му ставиме. Така да не се грижиме, нема да пиеме само кафе, туку ќе пиеме капучино.

Но во 2000-та година е донесен законот, во 2005 требаше да престане пензионирањето по стаж, се одложи уште две години, и мислам дека Македонија е единствената земја каде што не се направи постепен преод, туку се направи еден пресек на 31 август 2007 година. Од први септември не важи стажот важи само старосната граница.

Еве еден од аргументите зошто не треба да се продолжува старосната граница. Во август 2007 имаше луѓе  кои имаа 39 години и 11 месеци стаж , за еден месец не успеаја да обезбедат пензија, и мораа да продолжат да работат до својата 62 односно 64 години.

 

Извор: Алфа