Мозаик 05.12.2018 12:59

Тинејџерка ослепела и оглувела од вакцина против ХПВ

Тинејџерка ослепела и оглувела од вакцина против ХПВ

18- годишната тинејџерка Marie-Océane Bourguignon од Бордо, Франција завршила во инвалидска количка, и е речиси сосема слепа и глува.

Симптомите и се појваиле два месеци откако примила вакцина противб ХПВ вирусот.

Иако експертите велат дека нема никаков доказ дека вакцината е виновна за состојбата на Мари, таа тврди дека вакцината Gardasil предизвикала влошување на нејзината здравствена состојба.

Девојчето откако ја примила вакцината почнала да повраќа и се вртило во главата, а имала и привремено губење на видот и парализа на екстремитетите на лицето.

Поради тоа одлучила да ја тужи француската компанија Sanofi Pasteur MDS која ја дистрибуира вакцината Gardasil, но и француската агенција за сигурност на лекови (АНСМ).

По неколку години и по многуте анализи докажано е дека Marie-Océane Bourguignon боледува од мултиплекс склероза.