Актуелно 19.12.2018 15:48

ПРЕДНОВОГОДИШНИ ВРАБОТУВАЊА: Се билда јавната администрација

ПРЕДНОВОГОДИШНИ ВРАБОТУВАЊА: Се билда јавната администрација

Со години Европската комисија упатува критики за гломазната администрација а вработувањата под државна капа и една година по смената на власта не запираат.

Се вработуваат ли по пракса партиски посушници не се знае.

Предновогодишно неколку министерства и државни институции со објавени огласи за вработување. Дали кадрите веќе се вработени или местата допрва ќе се пополнуваат?

Агенцијата за администрација секојдневно објавува огласи за вработување на државни службеници но и различни профили работници и раководители во огласи кои ги објавуваат самите претпријатија и институции.

Оглас за вработување на 15 државни службеници во Владата на Република Македонија, оглас за вработување на 10 државни службеници во Министерството за труд и социјална политика, оглас за вработување на 14 раководители во Агенцијата за вработување.

Оглас за вработување на 18 лица овој месец објави и Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје

18.158 денари до 23.746 денари е сумата која се предвидува за плати.

Платите во зависност од работното место се од 18.158 денари до 23.746 денари

 

Извор: Фактор