Економија 20.12.2018 15:54

Милошоски: СДСМ за да најде покритие за нивниот неуспех, бараат разни изговори

Милошоски: СДСМ за да најде покритие за нивниот неуспех, бараат разни изговори

Економијата стагнира, корупцијата зазема се поголеми размери, мешањето во судството станува се поочигледно, во образованието, во културата, во доделување на грантови, стипендии на блиски, вработувања и непотизам. Гледаме дека има резултати кои се важни, битни и корисни за еден потесен круг на граѓани но за жал не допираат до оние на кои што СДСМ им даде ветување за живот, потенцира вчера Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при гостување на дебатна емисија на МРТ1.

Милошоски појасни со пример за младинската гаранција.

-Ветувањето беше во рок од 4 месеци откако ќе дипломира секој студент, не збориме за 10 или пак за 100 луѓе туку за секој дипломиран студент. Во рок од 4 месеци ќе добие понуда или за работа, или за дообука, или за платено доквалификувани магистерски или други студии. Ние гледаме дека поминаа две години. Годишно дипломираат по 12.000 студенти во Македонија, а досега требаше да имаме 24.000 вработени студенти, или 24.000 студенти кои што се на дообука или доквалификации за магистерски или други студии. Но тоа не се исполни. За да се најде покритие за ваквиот неуспех, за да се најде покритие зошто нема странски инвестиции освен една сендвичара во CityMall. Владата вика, премиерот Заев тоа го кажа на пратенички прашања, јас не го измислувам, на мое прашање каде се странските инвестиции, тој вели – „Знаете овие две години бевме презафатени со спорот со Грција, 2019 година ќе биде година на економијата“. Тој одговор би бил релевантен ако владата е составена од 5 членови, премиер и 5 министри од кои што еден е за надворешни работи, а вториот е за евроинтеграции. И тогаш ќе речете во ред пола влада или цела работела на договорот со Грција. Но што правел министерот Анѓушев, што правела министерката Шекеринска, што правел министерот Тевдовски, што правел Љубе Бошкоски, Шапуриќ или кои да се други заменици министри, нагласи Милошоски.