Актуелно 23.12.2018 22:28

Мицкоски: Не го извалкав името на ВМРО, така и ќе продолжам, народот е вистинскиот сопственик на оваа држава

Мицкоски: Не го извалкав името на ВМРО, така и ќе продолжам, народот е вистинскиот сопственик на оваа држава

Јас, како претседател, досега не го извалкав името на ВМРО така и ќе продолжам и во иднина. А жестоко ќе се спротивставам и на оние кои ќе имаат таква намера. Затоа што на крајот ВМРО му припаѓа на народот, а тој е вистинскиот сопственик на оваа држава, а неговата волја е последна и главна насока во нашите политики. А овие ситни слуги на Заев полека, но сигурно ја губат својата чест, честитост и достоинство, но и брендот ВМРО, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор на 27 Годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата.