Актуелно 27.12.2018 22:58

Со измените во Законот за КП се докажува дека Заев сакаше да тргува со правото и правдината“

Со измените во Законот за КП се докажува дека Заев сакаше да тргува со правото и правдината“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за Сител телевизија, истакна дека во Македонија се наметна принципот да се тргува со правото и правдината само за да се реализираат политички амбиции.

„Зборувам за еден принцип кој што се наметна во Република Македонија, а тоа принципот на трговија со правото и правдината за да се реализираат политички амбиции. Тие две работи во една правна држава, во држава каде владее правото не треба да се случува, а во држава која што претендира да биде дел од Европската унија и дел од НАТО алијансата тоа е недозволиво.“

Тој вели дека Заев од една страна ветуваше и се пазареше со луѓето кои го подржаа процесот на уставни измени, а од друга страна водеше една пропаганда против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дека ВМРО-ДПМНЕ е насилна кон пратениците, дека ги уценува и им се заканува. -Но, вистината конечно излезе на виделина.

Мицкоски истакна дека ниту раководството било насилно, ниту имало закани и притисок кон пратениците.

-Јасна била целта, како Зоран Заев да се испазари, да истргува со правото и правдината, за некои од тие подржувачи да добијат привилегирани услови, а тој да реализира некоја политичка цел. Ова што се случува во една држава која што претендира да биде рамноправна членка на Европската унија е недозволиво, вели Мицкоски.