Економија 08.01.2019 14:54

„Македонија пат“ останува верен клиент на тетовска фирма за чистење на македонските патишта од снег

„Македонија пат“ останува верен клиент на тетовска фирма за чистење на македонските патишта од снег

ЈП „Македонија пат“ трета година по ред останува верен клиент на тетовската фирма „НБ-Транс компани“ за чистење на патиштата од снег. Станува збор за договор за јавни набавки кој двете страни го постигнуваат трета година во низа.

Интересно е тоа што за одржување на регионални и магистрални патишта во зимски услови за сезоната 2018/2019 ќе добие безмалку еден милион евра, или поточно 60,2 милиони денари, а вкупните приходи на фирмата за 2017-та биле 71 милион денари, објави Макфакс.

Според договорот, ќе се чистат 45 делници меѓу кои Маврово – Дебар, Куманово – Скопје, Гостивар – Скопје, Страцин – Скопје, автопатот Петровец – Скопје и други со багери-гасеничари, камиони, булдожери, натоварувачи, снегочистачи…

Сопственици на фирмата се Насер и Бурим Ибиши. Тендери на оваа фирма ѝ доделила и Општина Тетово во 2015 и 2016 година.