На моето писмено прашање во однос на Била Зора добив најблаго речено несоодветен одговор и одговор кој што очигледно не го напишал министерот за култура, туку го напишал директорот на музејот. Зошто го заклучувам ова? Затоа што во одговорот нема конкретни податоци за одвојување на средства на локалитетот Била зора, туку еден историјат кој што мене ми е многу добро познат, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска на денешната седница за поставување на пратенички прашања.
Таа додаде дека ако сакала да добие одговор од директорот на музејот од Свети Николе ќе му поставела него прашање, а не на министерот за култура Адеми, истакнувајќи дека со ова уште еднаш се потврдува лошиот однос на министрите од владата на СДСМ кон законодавниот дом.
Според Ласовска, однесувањето на министерот за култура Адеми е доста контроверзно и не е во согласност со она што го зборува целата влада и Талат Џафери дека се трудат за едно општество за сите, туку како што рече таа, постои одредена категоризација од страна на министерот за култура.