Најкраткиот месец од годината на следниве хороскопски знаци ќе им донесе возбудливи познанства, можности и животни промени.
Близнаци
Близнаците веќе некој период се иницијатори за делување во нивното работно опкружување. Полни се со идеи и периодот до 10-ти февруари ќе им биде идеален за долгорочни планирања, но и напредувања. Доколку сте вработени во областа на комуникација, администрација, транспорт и информатички технологии, ве очекуваат уште подобри вести. Околу 20-ти февруари може да се појават некои непланирани трошоци, но и позајмување пари. Давајте од срце бидејќи сè ќе ви се врати. Од 19-ти февруари ќе имате неочекувано добра заработка, но и покачување на платата. Ќе имате многу нови можности на професионално поле, и ќе уживате во плодовите од напорната работа. Воглавно, пред вас е навистина возбудлив месец, особено за вашата кариера.
Скорпија
До 10-ти февруари ќе имате потреба да кажете сè во јавност и да разговарате со партнерот за промените што сакате да ги направите. Позитивното влијание ќе го почувствувате на професионално поле, но доколку сте слободни на почетокот на февруари можете да запознаете привлечна личност од работа. Доколку сте во брак или во долга врска, зафатеноста на работното место може да има негативно влијание, но само до 15-ти февруари. Вашиот партнер ќе има барања кои нема да бидете во можност да ги исполните. Од 17-ти до 28-ми февруари ќе бидете посмирени во комуникацијата, а позитивно влијание ќе почувствувате и во љубовта, креативноста и семејството. Ова значи стабилност за долгите врски, а слободните Скорпии можеби ќе запознаат шармантна личност во знакот Риба, Рак или Девица. Како и да е, февруари воопшто нема да биде досаден на љубовен план.
Водолија
Ќе имате потреба да бидете поотворени. Многу Водолии ќе бидат склони кон флертување, особено во периодот до 11-ти февруари. Ова ќе биде одличен период за слободните Водолии, бидејќи на многу лесен начин ќе можат да запознаат потенцијален партнер. Ќе имате потреба да промените сè што не ви одговара, па некои врски може да настрадаат. Ова ќе биде најизразено до 15-ти февруари. Можат да се заладат односите со партнерот доколку тој не може да ја разбере вашата потреба за слобода. По 16-ти февруари ќе имате потреба да се повлечете, а некои врски можеби ќе се зајакнат. Некои Водолии ќе доживеат платонска љубов, а на некои ќе им се исполнат соништата.