Денеска во емисијата „Печат на неделата“ на 1 тв гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој говореше за ненормалните околности кои ги наметнува власта што е причината зошто се замрзна и учеството во „Жан Моне“ процесот.
„Не го напуштаме процесот „Жан Моне“, тоа јасно го кажавме на прес конференција, го кажавме и на телефонски разговори со господинот Вајгл и господинот Кукан. Времено го замрзнуваме бидејќи во овој момент во услови кога имаме обид во Собранието да се симне имунитетот на 9-ти пратеник по ред на повеќе од дваесетина проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во обид кога се апсат поранешни министри на ВМРО-ДПМНЕ без притоа да се понуди ниту еден елементарен доказ и причина зошто тие луѓе се апсат како Миле Јанакиески и Спиро Ристоски. Во услови кога имаме терор врз пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а целта на „Жан Моне“ е процесот токму на пратеничките групи од власта и од опозицијата да седнат на иста маса и да разговараат“ – појасни Мицкоски.
Мицкоски нагласи покрај оваа ситуација што е моментално логично е да нема амбиент да имаме продуктивна дискусија и продуктивна расправа.