Март е месец кога започнува пролетта и кога Сонцето преминува од Јужната на Северната полутопка. За многумина март е омилен месец, затоа што започнува затоплување на времето и будење на природата.
Март го добил своето име според римскиот бог на војната Марс. Овој бог, за римјаните бил втор по важност, веднаш по Јупитер, кој е негов татко. Март е наречен по богот на војната, затоа што во тој период започнувала работната година за војниците. Во текот на зимата не се воделе борби и сите воени активности почнувале токму во месец март.
Марс е татко на Ромул и Рем, основачите на Рим.