Актуелно 03.03.2019 17:01

Мицкоски: Тие кои што еднаш загубиле и по втор пат пробуваат, на факултет ги викаме квадранти

Мицкоски: Тие кои што еднаш загубиле и по втор пат пробуваат, на факултет ги викаме квадранти

Сето ова што го приредува власта нема да ја покрие мизеријата во економијата. И додека надвор Премиерот оди на балови во фрагови, народот овде вистински гладува. Дури и последната фалба за наводно рекордно ниво на странски инвестиции во земјава е лага, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.-

-Од наводни 656 милиони евра, дури 500 милиони е реинвестираната добивка на странските компании што ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во четвртиот квартал сите тие акумулираната добивка ја извадија и ја реинвенстираа зошто од 1-ви јануари наваму воведоа данок на реинвестираната добивка и им го зголемија персоналецот на распределената добивка. Само бизнисите на власта овде цветаат и ништо друго, изјави лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната 18-та конференција на Унијата на жени, истакна Мицкоски.

Како што додаде тој, кризата во  СДСМ е толку голема, што почнаа да кандидираат свои функционери по втор пат.

-И во ваков еден уникатен систем Заевизам, при што нема друга држава во светот каде премиерот бил амнестиран за криминал и во исто време ослободен од гонење за криминал и поткуп додека бил на функција, раѓа и други уникатни девастирани блефери. Па така се одлучија да го кандидираат Стево Пендаровски за претседател. Значи толку голема е кадровската криза во СДСМ и откако ги вработија сите роднини на функционери и не остана незапослен роднина на функционер, започнаа нов процес да ги кандидираат луѓето по втор пат за иста функција иако веќе еднаш загубиле на избори. Не знам во СДСМ, но ние на факултет ги викаме квадранти, луѓе кои по втор пат запишуваат иста година затоа што паднале претходата. И знам дека има некој кој што ќе рече дека еве од втор пат му успеа на Заев, ете тој стана премиер, иако реалноста е дека не победи на парламентарните избори. Јас би рекол не дај Боже да се дозволи втор Заев овој пат на функцијата претседател на држава, затоа што отиде Македонија. Овие двајца политичари кои се провлекуваат низ сета темнина на транзицијата и сите штетни политики овие дваесетина години, се многу слични навистина, истакна Мицкоски.

Едниот еве гледаме се занимава со фалсикување избори, а вториот како претседател на ДИК аминуваше фасификат на изборите 2004-та година. Значи едниот актуелен, а другиот со искуство. Нивното напред кое гледам како мото го применуваат всушност значи многу назад. Но за деталите во друга прилика, додаде тој.