Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Општина Аеродром.
Силјановска Давкова на средбата истакна дека економијата која е најзначајна за граѓаните, но за жал економските индикатори покажуваат дека има големо намалување на извозот, на продуктивноста и производството.
Според неа основен предуслов за функционална економија е правото и правна држава, и се додека не се воспостави тоа во Република Македонија нема да има развој и просперитет.
Економијата е најзначајна за македонските граѓани. За жал економските индикатори покажуваат дека имаме намалување на извозот, намалување на продуктивноста и производството, зголемена зависност од други земји. Зголемените даноци ги земаат првите жртви, даночна евазија и помала наплата на даноците.
Тоа има ефект врз сите нас, врз овие пазарџии, врз градежните работници, врз услужниот сектор, а доколку трендот продолжи ќе има влијание на квалитетот на услугите во образование, здравство, социјална заштита, кои државата ги обезбедува. Основниот предуслов за функционална економија е право и правна држава. Се додека не го воспоставиме нема да имаме развој и просперитет, вели Силјановска Давкова.