Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2017/2018 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 188 517, што претставува намалување за 0,9 % во однос на претходната учебна година.
Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2017/2018 година изнесува 70 861, што претставува намалување за 2,2 % во однос на претходната учебна година.