Најновите податоци од статистика покажуваат дека вработените во секторот на воздухопловството земаат најголеми плати .
Имено, според официјалната статистика од ДЗС, 84 656 денари е сумата на просечната нето плата исплатена во јануари во сектрот на воздухопловен транспорт.
Веднаш потоа следат програмерите со просечни нето плати од 56.664 денари а толкава плата во јануари земале и вработените во консултантски и сродни дејности.
На трето место највисоки просечни нето плати во јануари се исплатени во секторите складирање и помошни дејности во превозот или 45.068 денари .
Четвртото и петото место им припаѓаат на вработени во производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати кои земале 43.859 денари просечна нето плата, и вработени во финансиско-услужни дејности чија нето плата во јануари била 42.259 денари.
Статистиката пресмета дека просечната исплатена нето пораснала за два отсто и изнесува 24.517 денари.