Актуелно 03.05.2019 16:00

Костовски: Бутел знае, изборот е Македонија

Костовски: Бутел знае, изборот е Македонија

Почитувани граѓани на Општина Бутел, во првиот круг на оваа претседателска изборна трка кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф.Гордана Сиљановска Давкова, во нашата општина победи со 1382 гласови разлика. Со тоа заеднички застанавме позади концептот Македонија, концепт кој ветува враќање на гордоста на оваа држава. Македонија одреден период наназад со погубните државни политики од страна на СДСМ го изгуби своето достоинство.

Во првиот изборен круг на овие историски претседателски избори се врати надежта која ветува достоинствена држава Република Македонија. Затоа, од срце Ве повикувам во вториот круг, на 05.05.2019 година, во нашата општина Бутел масовно да излеземе давајќи поддршка на професорката Сиљановска за да победиме со двојно поголема разлика од првиот круг и со тоа да упатиме силна порака дека Бутел знае – Изборот е Македонија!