Актуелно 05.06.2019 15:26

Се грижиме за животната средина : УМС на ВМРО ДПМНЕ со акција делење на торби по повод интернационалниот ден на заштита на животната средина

Се грижиме за животната средина : УМС на ВМРО ДПМНЕ со акција делење на торби по повод интернационалниот ден на  заштита на животната средина

Денеска по повод интернационалниот ден на животната средина републичката  Комисија за животна средина и урбанизам   Комисија за економија и политика на УМС  организираше акција делење на торби.

Пораката на УМС е помалку користење на пластични кеси и отпадоци кои тешко се разградуваат во природата со цел подигање на еко свеста како кај младите така и кај целокупното население.

Од УМС потенцираа дека оваа младинска организација ги следи светските трендови за здраво општество и заштита на животната средина  затоа организира акции од ваков тип. Од УМС  апелираат да ваквото совесно однесување како со ресурсите така и со природата треба да биде практикувано постојано и дека УМС како младинска организација се бори за подигање на еко-свеста.

УМС ќе продолжи со своите активности во делот на заштита на животната средина и еманципирање на младите луѓе дека животната средина мора и треба да се заштитува и да не се загадува а со тоа се заштитува целокупниот животински и растителен свет а со тоа и човекот.