Поминаа 2 (ДВЕ) години од ВЕТУВАЊЕТО (со рака на срце) на Зоран Заев дека Југохром ќе биде отворен “најдоцна до април – мај 2018 година”.
Трпи цела општина Јегуновце, Тетовско и економијата на цела Македонија. Народот се сели и заминува.
Потребни се работни места, инвестиции и погони.
#ОбноваНаМакедонија, напиша на својот Фејсбук профил пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.