37 годишен затвореник од затворот во Идризово, пред неполн час на чуден начин упеал да избега од затворската полиција, објави тв Алфа.
Затвореникот кој излежува казна затвор во времетраење од 7 години и 7 месеци, при враќање од болницата, каде бил на редовни здравствени проверки, успеал да избега од затворските чувари.
Според официјалните податоци до кои стигна телевизијата, затвореникот побарал да се направи пауза на една бензинска станица како би можел да оди во тоалет, а потоа успеал да избега од чуварите.